Дома Фудбал Уништува сè пред себе: Инфантино донесе одлука која ќе го разбесни светот на фудбалот

Уништува сè пред себе: Инфантино донесе одлука која ќе го разбесни светот на фудбалот

Првиот човек на Светската фудбалска федерација (ФИФА) Џани Инфантино најави дека паузите за освежување ќе останат дел од натпреварите на Светските првенства.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако многумина во паузите за освежување гледаат апсолутно уништување на фудбалот и попуштање пред телевизиските компании кои заработуваат милиони долари од реклами, претседателот на ФИФА, Џани Инфантино тврди дека парите немаат улога во одлуката за триминутните паузи во двете полувремиња.

Обвинувањата кон него и одлуките за паузите среде игра пристигнуваат од сите страни. ФИФА наводно дебело го полни џебот, но Инфантино не дозволува да се каже дека всушност сè се прави поради пари.

„Главната причина е топлината. Мора да разберете дека натпреварите се играат за 39 дена, некои тимови ќе одиграат и осум натпревари и потребно е да има пауза за одмор. Тоа е многу важно”, рече Инфантино и најави дека правилото останува во сила и на следните првенства.

“Она што ни е уште поважно е да осигуриме дека сите екипи, на секој натпревар, играат под исти услови.”

Многумина тврдат дека на овој начин се губи ритамот и дека натпреварот пука на сегменти, што особено ги нервира сите кои се навикнати на „чисти” 45 минути без поголеми прекини. Во пракса, паузите често стануваат мали тајмаути, а не само моменти за голтка вода.

Навивачите, од друга страна, тешко го прифаќаат објаснувањето дека парите немаат никаква врска со новото правило. Секој прекин веднаш асоцира на дополнителни ТВ блокови, спонзорски активации и уште посилна комерцијализација на играта.

Во ера кога дресовите, стадионите и дури имињата на натпреварите се подредени на спонзорите, тешко е да се убеди јавноста дека токму овој потег не се смета во финансиска пресметка.

Инфантино, сепак, останува доследен на наративот за грижа за фудбалерите. Во повеќе наврати нагласи дека летните првенства се физички исклучително напорни, дека се игра во термини кои не се идеални, и дека медицинските тимови инсистираат на дополнителна хидратација за да се намали ризикот од колапс, дехидрација и повреди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ретко го гледаме во вакво издание: Погледнете како Меси вежба во теретана на 39 години (Видео)

Лионел Меси, еден од најголемите фудбалери на сите времиња, не е познат по тоа што многу ч…