Дома Фудбал Јувентус мисли дека 10 милиони евра се многу за Емилијано Мартинез?

Јувентус мисли дека 10 милиони евра се многу за Емилијано Мартинез?

Јувентус не е подготвен да плати на Астон Вила 10.000.000 евра и бонуси за голманот Емилијано Мартинез.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, аргентинскиот голман сака да се испроба во Серија А и да премине во Јувентус и покрај тоа што клубот не се квалификуваше за Лигата на шампионите.

Сепак, проблемот е што во Јувентус сметаат дека побараната цена е превисока за играч кој во септември ќе наполни 34 години.

Скај Италија пренесе дека англискиот клуб побарал за Мартинез 10.000.000 евра и бонуси.

Јувентус не е подготвен да плати толку за Мартинез, покрај неговото барање за плата од 5.000.000 евра по сезона, особено откако клубот нема да има приходи од Лигата на шампионите.

Мартинез е со репрезентацијата на Аргентина на Светското првенство во САД, Канада и Мексико, каде што со екипата која ја брани титулата се пласираше во осминафиналето.

Во 2020 година премина во Астон Вила од Арсенал, поголемиот дел од кариерата го помина во Англија, а играл и на позајмица во Хетафе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Витиња вчера го ископира легендарното загревање на Марадона (Видео)

Фудбалерите на ПСЖ вчера вечер приредија вистинска фудбалска претстава победувајќи го Слов…