Дома Фудбал Останато Обложувалниците убедени: Гвардиола е огромен фаворит за клупата на Јувентус

Обложувалниците убедени: Гвардиола е огромен фаворит за клупата на Јувентус

1

Она што на почетокот изгледаше како нешто нереално и неверојатно од ден на ден станува се посериозно – Пеп Гвардиола е блиску да стане нов тренер на Јувентус!

Откако „Радио Спортива“ објави дека Гвардиола се договорил со италијанскиот шампион пред два дена следуваа нови информации.

Новинарот на „Мундо Депортиво“ Франсес Агиљар објави дека истиот извор кој го известил дека Гвардиола оди во Манчестер Сити, сега му кажува дека Шпанецот е на добар пат да заврши во Јувентус.

„Истиот човек кој пред неколку години (многу порано пред да биде официјално објавено) ми кажа дека Пеп Гвардиола ќе го превземе Манчестер Сити сега ми кажува дека е на пат седне на клупата на Јувентус. Тогаш му поверував, а сега уште повеќе“, објави Агиљар.

Италијанската новинска агенција, АГИ денес објави и за какви услови Гвардиола се договорил со Јувентус. Според нив Пеп во со Јувентус ќе потпише договор на четири години според кој ќе добива 24 милиони евра по сезона.

Сега се огласија и обложувалниците и тие немаат дилеми – Гвардиола е прв фаворит!

Коефициентот дека Гвардиола ќе стане тренер на Јувентус во овој момент изнесува само 1.50, зад него следи Маурицио Сари со 3.00, а потоа Мурињо (4.00), Покетино (5.00), Антонио Конте и Симоне Инзаги имаат по 8.00 коефициент.

Сето ова не наведува да мислиме дека Гвардиола наскоро ќе седне на тренерското столче на „старата дама“.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Не се бориме за опстанок, ниту за Европа, туку за Синиша Михајловиќ“

Играчите на Болоња повторно се спремни да се борат за Синиша Михајловиќ. Болоња оваа сезон…