Дома Фудбал Италија Сериозни проблеми за Гатузо: Новото засилување со дијагноза за срцеви проблеми, неговите активности се стопираат!

Сериозни проблеми за Гатузо: Новото засилување со дијагноза за срцеви проблеми, неговите активности се стопираат!

Новото засилување на Милан, Иван Стриниќ има проблеми со здравјето.

На рутинскиот преглед пред стартот на новата сезона во Серија А, дијагностицирани му се срцеви проблеми.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Клубот даде изјава дека со играчот ќе се одработат дополнителни прегледи, но она што е сигурно е стопирање на било какви спортски активности до понатамошните резултати.

Стриниќ, освојувач на сребрениот медал на СП со Хрватска, пристигна како слободен играч во Милан од Сампдорија.

„Росонерите“ во првото коло во Серија А требаше да ја пречекаат Џенова, но поради трагедијата која се случи изминатиот вторник во тој град, овој меч е одложен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Покажете му*а“ – навивачите на Милан бесни по елиминацијата!

Рома беше подобра од Милан и се пласираше во полуфиналето на Лига Европа, а навивачите на …