Дома Останати Ракомет Чупиќ е во борба за тренер на сезоната во Лига Европа!

Чупиќ е во борба за тренер на сезоната во Лига Европа!

Хрватскиот стратег Иван Чупиќ има можност на одличен начин да ја заокружи својата дебитантска сезона на клупата на Вардар со уште едно значајно признание.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По освоената двојна домашна круна и обезбедениот камбек на „црвено-црните“ во Лигата на шампионите, Чупиќ е меѓу кандидатите за признанието тренер на сезоната во Европската лига на ЕХФ. Под негово водство Вардар стигна до четвртфиналето на натпреварувањето, каде што беше запрен од Монпелје. Сепак, скопскиот тим прикажа квалитетни партии и во реваншот долго време ја одржуваше надежта за голем пресврт и место на завршниот турнир.

Во трката за престижната награда, покрај Чупиќ, се најдоа и поранешниот тренер на Вардар Роберто Парондо, кој сезонава го предводеше Мелсунген, како и Магнус Андерсон од Порто и Алеш Пајовиќ од Фленсбург.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вардар го објави тимот, еве како ќе изгледа во новата сезона (Фото)

Ракометниот клуб Вардар го објави составот со кој ќе влезе во новата сезона, во која покра…