
Во ноќта од четврток на петок во Торонто, Хрватска и Португалија ќе играат натпревар од осминафиналето на Светското првенство. Победникот ќе се пласира меѓу 16-те најдобри, каде што го чека Шпанија или Австрија. Најголемата ѕвезда на Португалија, Кристијано Роналдо, неколку часа пред натпреварот им се обрати на навивачите на својата репрезентација.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На социјалните мрежи објави кратка порака на англиски јазик: “Make it feel like home” (Направете да се почувствуваме како дома). Роналдо го повика португалскиот народ во голем број да дојде на стадионот и да создаде атмосфера како да играат на домашен терен. Објавата за девет часа собра над три милиони лајкови.