Дома Фудбал Ригорозни контроли во Мајами: Погледнете како беше Меси претресуван (Видео)

Ригорозни контроли во Мајами: Погледнете како беше Меси претресуван (Видео)

Аргентина ја започнува нокаут фазата на Светското првенство со натпревар во Мајами. Притоа, во ноќта од петок кон сабота, актуелните светски шампиони ќе се сретнат со Зеленортските Острови.

Иако веќе подолг период живее и работи во Мајами, Лионел Меси не доби никаква попустливост при слегувањето на аргентинската репрезентација на Флорида.

Видео објавено на социјалните мрежи сведочи дека, веројатно најголемиот на сите времиња во фудбалот, имаше подеднаква строга и детална безбедносна проверка како и другите членови.

Проверката вклучуваше детектор за метал, му беше кажано да ги рашират рацете и нозете, а скенирани му беа и патикаите. На пистата на аеродромот ги извадиле сите предмети од куферот и ги провериле.

Ве потсетуваме, Меси, иако во поодминати фудбалски години, игра извонредно на овој Мундијал. Во три натпревари постигна веќе шест голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од школата до професионален статус: Шкендија смета на Џеладини и Абдурамани

Лириан Џеладини потпиша на две години, а Анес Абдурамани на три и пол. Двајцата млади фудб…