Дома Фудбал Манчестер Сити постави нов рекорд со англиски репрезентативец

Манчестер Сити постави нов рекорд со англиски репрезентативец

Англискиот репрезентативец Елиот Андерсон преминува од Нотингем Форест во Манчестер Сити, официјално објавија двата клуба.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Договорот е за рекордни 136 милиони евра (116 милиони фунти) за британски фудбалер, правејќи го халфот најскапата набавка на „граѓаните“ во нивната историја.

Според информациите од Островот, Андерсон ќе потпише договор на пет години со Манчестер Сити, со можност за продолжување од 12 месеци. Неговата плата на „Етихад Стадиум“ ќе биде 300,000 фунти неделно.

„Манчестер Сити и Нотингем Форест постигнаа договор за трансферот на Елиот Андерсон.

23-годишниот Андерсон моментално учествува со англискиот состав на Светското првенство и веќе ги помина медицинските прегледи во Канзас. Официјалното завршување на трансферот ќе се случи по враќањето во Англија.

Во меѓувреме, сите во Манчестер Сити му посакуваат успех на Елиот и англиската репрезентација во нивната кампања на Мундијалот и со нетрпение го очекуваат неговото добредојде во Манчестер“, стои во информацијата од „граѓаните“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид нема право да се жали на судиски грешки, смета шефот на Ла Лига

Претседателот на шпанската Ла Лига Хавиер Тебас го коментираше одлуката на Реал Мадрид да …