Дома Фудбал Kejn го сруши „проклетството“ на Англија на Светското Првенство после 60 години

Kejn го сруши „проклетството“ на Англија на Светското Првенство после 60 години

Фудбалската репрезентација на Англија го забележа важен триумф во осминафиналето на Светското првенство, победувајќи ја селекцијата на ДР Конго со резултат 2:1 по пресврт, со што е испишан дел од историјата на „Гордиот Албион“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, ова е првиот пат дека Англија успеала да направи пресврт и победи на Светско првенство од 1966 година, што дополнително ја засилува симболиката на овој триумф, а главен протагонист беше Хари Кејн со два гола.

Токму во 1966 година Англија ја освои единствената светска титула, исто така по пресврт во финалето против Западна Германија, кога славеше со 4:2. Овој податок сега повторно се поврзува со екипата што ја води Томас Тухел, бидејќи навивачите и аналитичарите гледаат слични „знаци“ на актуелниот турнир.

Иако Англија традиционално се вбројува меѓу фаворитите за освојување на титулата, репрезентацијата во претходните децении често остануваше без очекуваниот конечен успех на најголемата сцена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пророштвото на Марадона: Го претскажа токму ова што се случува на СП

Диего Марадона, една од најголемите фудбалски легенди, уште во 2018 година даде изненадува…