Дома Фудбал Нукасл договори замена за Ентони Гордон

Нукасл договори замена за Ентони Гордон

Нукасл договори трансфер на левото крило на Хофенхајм, Базумана Туре, јавуваат Фабрицио Романо и медиумите во Англија и Германија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Националецот на Брегот на Слонова Коска ќе премине во „страците“ за солидната вкупна сума од речиси 50 милиони евра. Ова ќе биде рекорден излезен трансфер за германскиот клуб.

Нукасл бараше ново лево крило откако го продаде Ентони Гордон на Барселона, при што скоро го договори Виктор Муњос од Осасуна, но на крајот Ливерпул го доведе Шпанецот. Така, сега новиот избор паѓа на африканскиот фудбалер.

Туре наскоро ќе помине медицински прегледи и ќе потпише долгорочен договор со „страците“, откако националниот тим на Брегот на Слонова Коска загуби од Норвешка со 1:2 во осминафиналето и испадна од Светското првенство.

Минатата сезона тој забележа 5 гола и 12 асистенции во 32 натпревари за Хофенхајм во сите натпреварувања. На Светското првенство, Туре учествуваше во 3 натпревари за националниот тим на Брегот на Слонова Коска. Нукасл, пак, се подготвува за излезниот трансфер на Сандро Тонали, кој ќе премине во Тотенхем за рекордни речиси 100 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанија аплицираше за титулата со победа над Австрија

Репрезентациите на Шпанија и Австрија завршија со резултат 3:0 во Инглвуд, Калифорнија, во…