Дома Фудбал Херојот на Парагвај може да се пресели во Серија А

Херојот на Парагвај може да се пресели во Серија А

Италијанскиот фудбалски клуб Торино изрази интерес за голманот на парагвајската репрезентација, Орландо Хил, кој го привлече вниманието со своите извонредни партии на Светското првенство одржано во САД, Канада и Мексико.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Под водство на Хил, Парагвај успеа да се пласира во осминафиналето, победувајќи ја Германија по пенали. Во групната фаза, освен натпреварот против САД што го загубија со 1:4, не примија гол кога се соочуваа со Турција и Австралија. Ова го зголеми интересот, па Торино испрати понуда до аргентинскиот клуб Сан Лоренцо за овој 26-годишен голман, информираше Скај Италија.

На Торино нема да му биде лесно да го ангажира Хил, бидејќи неговата пазарна вредност нагло се искачи, па трансферот би можел да достигне најмалку пет до шест милиони евра.

Договорот на Хил со Сан Лоренцо е со важност до декември 2027 година, а интерес за него имаат покажано Бешикташ и Валенсија.

За парагвајската репрезентација дебитираше во септември минатата година и досега има одиграно 10 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Големиот Санти Казорла „отсвири крај“!

Шпанскиот креативец Санти Казорла објави крај на својата кариера на 42 годишна возраст. Со…