Дома Фудбал Англија Саутегејт наследник на Тен Хаг? Англискиот селектор донел одлука!

Саутегејт наследник на Тен Хаг? Англискиот селектор донел одлука!

Селекторот на англиската репрезентација Герет Саутгејт сака да го продолжи договорот со Фудбалската асоцијација (ФА) до крајот на Светското првенство во 2026 година, пренесува британски Сан.

Саутгејт им соопштил на челниците на ФА дека сака да остане селектор најмалку уште две години. Британските медиуми пренесуваат дека управата на ФА по претстојното Европско првенство во Германија ќе одлучи дали ќе го продолжи договорот со Саутгејт. Тој има договор со ФА до крајот на оваа година.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Некои британски медиуми претходно објавија дека Саутгејт би можел да го преземе Манчестер Јунајтед на крајот од сезоната, но селекторот на Англија во моментов не размислува за понудите од заинтересираните клубови.

Саутгејт е селектор на Англија од 2016 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вака изгледа хет-трикот на најскапиот играч во историјата на МЛС-лигата (Видео)

Јужнокорејскиот репрезентативец Сон Хјунг-мин (33) постигна три гола за Лос Анџелес во гос…