Репрезентацијата на Англија вечерва во Скопје не беше во издание како она во Манчестер, а Македонија тоа го искористи со реми да го заврши овој евроквалификациски циклус.
Англискиот селектор Герет Саутгејт на прес-конференцијата пред натпреварот се пожали на теренот за игра и покрај тоа што пред овој натпревар тој комплетно беше реновиран.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ние имавме целосна контрола на играта, но теренот не дозволи премногу пасови. Втората ситуација беше повеќе пенал, отколку првата. Не би сакал премногу да ги коментирам одлуките на судиите. Теренот беше тврд, имаше потешкотии при додавањето на топката, но кога теренот е нов не може премногу да се очекува“, изјави Саутгејт.
На овој натпревар дебитираше Рико Луис од Манчестер Сити, а Саутгејт е задоволен од неговиот настап.
„Рико Луис одлично се покажа, успеваше да се справи со предизвиците на теренот. На паузата разговарав со фудбалерите и тие одлично реагираа“, истакна англискиот селектор.
Англија и покрај ова реми го освојува првото место во групата со 20 освоени бодови.