
Токму една недела пред почетокот на предсезонските подготовки на Милан, новиот тренер на тимот Рубен Аморим пристигна во Милано.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тој беше пречекан на локалниот аеродром од италијански новинари, кои го прашаа по што се должи неговата одлука да ги преземе „росонерите“.
„Ако погледнете едно мое старо интервју, во него кажав дека ова е еден посебен клуб за мене. Исто така е и одличен предизвик. По последната моја работа (во Манчестер Јунајтед – заб.), си реков дека треба да избирам полесни предизвици, но еве ме тука. Ова е уште поголем предизвик. Сепак, горд сум што сум тука и сега сакам да работам со мојот тим и играчите. Навистина сум среќен што сум тука. Дали доаѓам со намера да победувам? Не можеш да дојдеш во Милан без таков менталитет. Имаме многу работа за работење, но штом си тренер на Милан, мора да играш за победа,“ одговори Аморим, кој денес го посети прво канцеларијата на клубот, а потоа и „Сан Сиро“.