Дома Фудбал Италија Сари ги навреди вработените во италијански пошти, па доби одговор

Сари ги навреди вработените во италијански пошти, па доби одговор

Јувентус вечерва го игра полуфиналето против Милан во Купот на Италија, пред овој натпревар Маурицио Сари предизвика бура во јавноста со еден негов коментар.

Во медиумите после поразот на Јувентус од Верона на големо се пишуваше за негов отказ.

„Притисокот е нормален во работата која ја работам, ако сакав да нема притисок ќе одев да работам во пошта“, изјави Сари.

По оваа изјава на Сари следуваше одговор од италијанските пошти.

„Италијанската пошта го повикува господинот Сари да посвети време и да се едуцира. Нашата компанија е најголемата во земјава и ја избираат млади луѓе бидејќи е препознаена од 500 компании во светот по својот квалитет и условите на вработените. Го повикуваме да види како се работи во нашата компанија“, стои во реакцијата на италијански пошти.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Јувентус ќе игра пред празни трибини и нема да им ги врати парите на навивачите

Како што е веќе познато, пет натпреари од италијанската Серија А кои се играат викендов ќе…