
Малкумина веруваа дека Маркус Рашфорд ќе добие важна улога во Манчестер Јунајтед, но ова лето дојде до пресврт.
До почетокот на Премиер лигата, Рашфорд немаше изберено број на дресот, неговата желба беше да остане во Барселона, но таа опција пропадна кога Каталонците ги доведоа Ентони Гордон и Карим Адејеми, па се врати во Јунајтед по истекот на позајмицата.
Во текот на летото, Рашфорд беше поврзуван со некои клубови, но ниеден од самиот европски врв, најконкретни понуди имаше од Турција, но сите ги одби.
И потоа доби дрес со број 9 и шанса да се докаже, па Мајкл Керик сега истакнува дека Рашфорд е многу важен дел од тимот.
“Многу сум задоволен од Маркус од повеќе причини. Мислам дека тоа е сосема очигледно врз основа на неговите настапи. Постојано претставува опасност, штета што не беше нешто поуспешен, но заиста беше опасен во нападот”, рече Керик.