Дома Кошарка Со 40 години Дурант најави напад на петти олимписки медал!

Со 40 години Дурант најави напад на петти олимписки медал!

Еден од најголемите кошаркари на сите времиња, Кевин Дурант, објави дека сака да игра за репрезентацијата на САД на летните олимписки игри кои ќе се одржат во 2028 година во Лос Анџелес.

Овој кошаркар од Хјустон тогаш ќе има 40 години, но на неодамнешниот добротворен настан на USA Basketball јасно покажа дека е решен да настапи на Игрите во Лос Анџелес (LA28).

Во неговите претходни изјави дадени на крајот од сезоната 2025/26 тој изрази нивна подготвеност за олимписките игри, велејќи пред новинарите:

“Едноставно е прекрасно, луѓе. Тоа е неверојатен период. Патуваш низ светот. Не знам дали ќе патуваме низ различни земји бидејќи игрите ќе се одржат во САД, но во минатите години одевме во Дубаи, Абу Даби, Париз, Лондон, Канарските острови, Мадрид”, рече, продолжувајќи:

“Сум бил на места кои не само што ја променија мојата перспектива за кошарката, туку и за животот воопшто. Посетив места каде што никогаш не би помислил дека ќе бидам, ако не беше кошарката. Тоа е едно од најдобрите искуства, луѓе. Ги охрабрувам сите да играат за својата држава”.

Дурант играше за селекцијата на САД на последните четири летни олимписки игри и имаше клучна улога во освојувањето на златните медали на сите овие натпреварувања.

Четирите олимписки злата на Дурант веќе претставуваат рекорд за кошаркари, а има можност овој рекорд да го зголеми со освојување на петто злато на своите петти олимписки игри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Димитријевиќ го напушта Баерн и се сели во друг тим!?

Македонскиот кшаркар Ненад Димитријевиќ наскоро би можел да го напушти Баерн Минхен и да с…