
Ракометарите на Вардар в среда ги очекува првиот домашен натпревар во Лигата на шампионите по пауза од пет години. Во Скопје гостува францускиот Нант, а „црвено-црните“ подготвуваат посебна атмосфера за враќањето на европската ракометна елита во „Јане Сандански“.
Македонскиот шампион сезоната во Лигата на шампионите ја започна со пораз на гостувањето кај Мелсунген, но тимот предводен од Иван Чупиќ остави добар впечаток и во голем дел од натпреварот беше рамноправен против германскиот претставник.
За дуелот со Нант, Вардар најави и фан зона пред спортската сала „Јане Сандански“. Навивачите ќе имаат можност да уживаат во музика, забава, активности и програма на бина пред почетокот на натпреварот.
Од клубот најавија дека дополнителните детали за фан зоната ќе бидат објавени наскоро.
Натпреварот Вардар – Нант е закажан за в среда од 18:45 часот.