
Во 16 часот беа одиграни пет натпревари од четвртото коло на англиската Премиер лига, а постигнати беа следниве резултати: Челзи – Хал 2:2, Ливерпул – Фулам 0:0, Астон Вила – Нотингем Форест 1:2, Борнемут – Брентфорд 2:2 и Кристал Палас – Ипсвич 2:3.
Сите знаеме како сензационалниот Хал започна во повратничката сезона и дека Сергеј Јакировиќ вчера беше избран за најдобар менаџер во лигата за август, но тешко е да се претпостави дека оваа екипа ќе биде нерешлива енигма за Челзи, сред Лондон.
Сè на „Станфорд бриџ“ започна според очекувањата и „сините“ поведоа во седмата минута преку разиграниот Морган Роџерс, кој во свој стил, со силен удар од 13 метри од левата страна, реализираше брза транзиција на Челзи и на додавање од Жоао Педро погоди за 1:0.
Но Хал не се откажа по ова, туку се консолидира и во продолжението на првото полувреме шокантно го преобрати резултатот.
Белуми во 28. минута ја казни очајната реакција на одбраната на домаќините Хат и од 12 метри го совлада Емилијано Мартинез за 1:1.
Во 34. минута Ајаји по корнер со глава ја погоди пречката, а топката се одби до извонредниот Белуми, кој непречен шутираше од 16 метри и ја затресе мрежата за 1:2.
Избраниците на Чаби Алонсо со сите сили нападнаа во второто полувреме и израмнија на 2:2 преку растеравениот Жоао Педро во 66. минута. Асистент беше Кол Палмер.
Видеото од головите може да го погледнете ТУКА.