Дома Фудбал Aморим направи споредба со авионска несреќа, па мораше да се извинува (Видео)

Aморим направи споредба со авионска несреќа, па мораше да се извинува (Видео)

Португалскиот тренер на Милан, Рубен Аморим, се најде во неволја за време на прес-конференцијата пред денешниот натпревар на Милан против Лацио.

Додека објаснуваше дека неговиот тим треба да учи од грешките и неуспесите, Аморим употреби несоодветна споредба со авионска несреќа.

“Сметам дека треба да напредуваме на секој тренинг. Очекувам моите играчи да го разберат тоа. Како кога се случува авионска несреќа, нешто ново научуваме од тоа”, изјави Аморим на 11-ти септември, на 25-годишнината од терористичкиот напад на САД.

Аморим веднаш сфати дека споредбата не била соодветна и потоа се извини.

“Тоа не беше добро споредување, разбирате што сакам да кажам. Кога нешто лошо ќе се случи, ние собираме многу информации и ги користиме на тренингот”, рече тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дебитираше пред четири години, сега се враќа во репрезентацијата на Македонија!

По добрите настапи во дресот на Вараждин Марио Младеновски се враќа во репрезентацијата на…