Дома Фудбал Англија Руни кандидат да го наследи Бенитез во Евертон

Руни кандидат да го наследи Бенитез во Евертон

Вејн Руни може да го наследи Рафа Бенитез на клупата на Евертон пренесуваа островските медиуми.

„Карамелите“ играат во очајна форма во последните девет натпревари и имаат само една победа и шест порази и поради тоа челниците на клубот размислуваат да доведат нов менаџер.

Како замена на Бенитез се споменува Вејн Руни. Дерби каде што сега е тренер Руни е на дното во Чемпионшип, а сопственикот на клбуот Фарад Мошири е заинтересиран да го види Руни на „Гудисон Парк“.

Интересно е што во минатото Руни сам изјавуваше дека е во лоши односи со Мошири. Првиот човек на „Гудисон Парк“ сметаше дека Руни треба да го напушти Евертониако напаѓачот сака да остане, поради што беа во конфликт. Очигледно нешто се променило во меѓувреме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Херојот на Рома од финалето во Конференциската лига ја „украде“ веспата на Мурињо 🎥

Николо Заниоло стана херој на Рома, откако постигна гол во финалето против Феенорд во Конф…