Дома Фудбал Германија Румениге потврди заминување од Баерн: Преговаравме ама изгледа сака да проба нешто ново

Румениге потврди заминување од Баерн: Преговаравме ама изгледа сака да проба нешто ново

Во изминатиот период се пишуваше за можното заминување на Тиаго Алкантара од Баерн Минхен, сега на оваа тема зборуваше извршниот директор на клубот од Минхен, Карл-Хајнц Румениге.

Румениге потврди дека шпанскиот репрезентативец одбил да го продолжи договорот и ќе биде продаден.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Тијаго е исклучен на теренот и надвор од него. Преговаравме со него, но тој изгледа сака да проба нешто ново. Со Ливерпул не сме имале контакт, ако инсистира да замине ќе се договориме. Сигурно дека нема да дозволиме да замине бесплатно кога ќе му заврши договорот“, изјави Румениге.

Претходно на големо медиумите на Островот и во Германија тврдеа дека Алкантара ги договорил личните услови со Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Денеска беше постигнат најбрзиот гол сезонава во Премиер лигата! (Видео)

Ливерпул по пауза од месец и пол успеа да постигне победа дома во Премиер лигата. Во 16-то…