Дома Фудбал Италија Роналдо: Скудетото не е неодстижно

Роналдо: Скудетото не е неодстижно

Кристиано Роналдо смета дека трофејот во Суперкупот ќе даде дополнителна самодоверба на неговата во екипа за преостанатиот дел од сезоната.

„Старата дама“ го совлада Наполи во Суперкупот со резултат 2:0, Роналдо го постигна првиот гол.

„Среќни сме поради победата. Беше тешко, теренот беше ужасен, но одработивме како што треба. Покажавме поинаков став во однос на дуелот со Интер. Трофејот е важен, ќе ни даде самодоверба за продолжение од сезоната“, изјави Роналдо.

Скудетото за него не е недостижно.

„Милан и Интер се навистина силни, но верувам дека ние имаме се што е потребно за нова титула. Ќе биде тешко, но верувам дека можеме да дојдеме до Скудетото“, порача Роналдо.

Ќе потсетиме Јувентус го освојува Скудетото во Италија веќе девет сезони во низа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Галијани позитивен на коронавирус

Aдријано Галијани, 76 годишниот директор на второлигашот Монца е заразен со коронавирус. С…