Дома Офсајд Роналдињо во свој стил: Група на жени влегуваат и излегуваат од неговата соба

Роналдињо во свој стил: Група на жени влегуваат и излегуваат од неговата соба

Легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо повторно се најде во центарот на вниманието.

Некогаш најдобриот фудбалер на светот веќе со месеци е “заробен“ во Парагвај каде одредено време помина во затвор поради влез во државата со лажен пасош, а моментално е сместен во луксузен хотел кој му служи како домашен притвор.

Меѓутоа, она што може да му донесе нови проблеми е кршењето на сите прописи околу пандемијата, бидејќи од неговата соба дневно поминуваат десетина жени.

Парагвајскиот дневен весник HOY објави дека Роналдињо редовно прави забави. Жени константо доаѓаат и заминуваат, а поранешната фудбалска ѕвезда им подарува поклони.

Оваа вест пристигнува откако наводно е договорено Роналдињо и неговиот брат да го напуштат Парагвај во текот на оваа недела. За него е планирана условна казна од две години и парична казна од 100.000 долари.

Сепак, ако се утврди дека повторно ги кршел правилата, постои можност уште некое време да остане во Парагвај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Офсајд

Проверете

Балотели ќе се жени: Ова е неговата избраничка

Додека спортската јавност ја следи кариерата на Балотели и очекува кој ќе биде неговиот но…