Спортскиот директор на Рома, Мончи ги затвори вратите за клубовите кои се заинтересирани за голманот на „волчицата“ Алисон.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Бразилскиот голман игра фантастична сезона и се посилно се поврзува со трансфер во Реал Мадрид и Ливерпул.
„Веќе се уморив да зборувам за иднината на Алисон, бидејќи постојано ме прашуваат за тоа. Не сме добиле никаква понуда и не сакаме да го продаваме. Среќни сме што имаме таков голман во тимот и сакаме што е можно повеќе да остане во Рома. Алисон нема цена бидејќи не е на продажба“, истакна Мончи.
„Сега сме во многу важен дел од сезоната. Секој фудбалер може да даде повеќе, тоа важи и за Алисон. Сега мислиме само на мечот со Болоња, а потоа ќе мислиме на Барселона“, додаде Мончи.
Медиумите тврдат дека Алисон е главна трансфер цел на Реал Мадрид и дека „кралевите“ спремиле понуда од 60 милиони евра.