Дома Фудбал Репрезентации Репрезентацијата на Франција има нов капитен

Репрезентацијата на Франција има нов капитен

Францускиот фудбалер Орелиен Чумаени ќе биде капитен на својата репрезентација на претстојниот натпревар од Лигата на нации против Израел, соопшти денеска Француската фудбалска федерација.

Килијан Мбапе кој ја носи капитенската лента во Франција ќе ги пропушта натпреварите против Израел и Белгија поради мала повреда на бутот, додека неодамнешниот заменик-капитен Антоан Гризман ја заврши својата репрезентативна кариера минатиот месец.


Тен Хаг замина, во Манчестер журка! ↓↓↓


Чуамени (24) за француската репрезентација одигра 36 натпревари и постигна три гола.

Франција во овој циклус ќе игра со Израел на 10 октомври во Будимпешта и со Белгија на 14 октомври во Брисел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Бормут го шокираше Манчестер Сити, Ливерпул лидер!

Фудбалерите на Бормут го изненадија актуелниот шампион Манчестер Сити совладувајќи го со 2…