Дома Топ вести Реал Мадрид ја започна операцијата – Мбапе 2020!

Реал Мадрид ја започна операцијата – Мбапе 2020!

0

Ѕвездата на Пари Сент Жермен, Килијан Мбапе се уште е во плановите на Реал Мадрид, тврдат шпанските медиуми.

„Светците“ готово сигурно ќе успеат да ја задржат 20-годишната суперѕвезда ова лето во своите редови. Меѓутоа, од „Сантиаго Бернабеу“ се надеваат дека следното лето ќе успеат да го купат Мбапе.

„Раководството на Реал ќе направи се за да го убеди Мбапе да не потпишува нов договор со ПСЖ. Актуелниот договор му истекува во 2023 година“, пишува весникот „АС“.

Ова лето Реал веќе потроши 300 милиони евра, па од финансиска гледа точка и на „кралевите“ им одговара трансферот да се реализира следната година.

Нема сомнеж дека Мбапе ќе биде најскапиот играч во светот. Неговиот трансфер од Монако во ПСЖ чинеше 180 милиони евра, па Реал за неговиот потпис ќе треба да плати најмалку 250 милиони евра.

Зидан ќе одигра голема улога околу трансферот. Наводно тренерот на „кралевите“ е во постојан контакт со својот сонародник и го припрема теренот за негово доаѓање на „Сантиаго Бернабеу“.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Нејмар е главна тема, Милан носи големо засилување

Влегуваме во последната недела од преодниот рок, а нашата редакција навремено ве известува…