Според последните најави од шпанските медиуми, Реал Мадрид во претстојното лето ќе се обиде да се засили со францускиот стопер Лени Јоро од редовите на Лил.
Станува збор за фудбалер кој има 18 години и кој е член на селекцијата на Франција до 21 години, но веќе импересионираше со настапите во сениорскиот фудбал и матичниот клуб.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Со оглед на талентот кој го поседува шпанскиот гигант во него гледа некој кој би можел да биде еден главните фудбалери и столб на одбраната. Договорот кој го има со Лил е со важност до 2025 година.
Најавите се дека Реал Мадрид за неговите услуги ќе плати сума од 60 милиони евра.