
Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез, се соочува со период полн со предизвици.
Откако не успеа да го убеди Атлетико да го продаде на Барселона, доживеа притисок од навивачите, а по поразот во Билбао, теренот го напушти солзен.
Пред вечерашниот дуел со Ливерпул на “Енфилд”, зборуваше и претседателот на Атлетико, Енрике Сересо.
“Сметам дека Хулијан Алварез се подобрува. Проблемот е што тој страда поради неодамнешните случувања и сосема е природно што сме загрижени. Сепак, неговото закрепнување оди добро и тренерот ќе одлучи кога е подготвен за игра. Случајот “Хулијан” е затворен”, изјави првиот човек на Атлетико.
Очекувањата се Хулијан Алварез повторно да остане на клупата за резерви, а големо е прашањето дали Диего Симеоне ќе го користи пред да се опорави целосно од последните случувања.
Натпреварот Ливерпул – Атлетико Мадрид е закажан за 21:00 часот.