Дома Фудбал Артета не е најзадоволен од победата: Требаше натпреварот да го решиме порано!

Артета не е најзадоволен од победата: Требаше натпреварот да го решиме порано!

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, беше задоволен од успехот во Неапол, но не од фактот дека неговите играчи пропуштија многу можности за постигнување гол. Сепак, тој нагласи дека победата на Топчиите е целосно заслужена.

Арсенал постигна значајна победа на тешкото гостување во Италија, совладувајќи го Наполи со резултат 1:0 во првото коло од Лигата на шампионите.

Иако трите бода се освоени оправдано, шпанскиот стратег коментираше дека бројните пропуштени шанси можеле да го решат натпреварот многу порано.

„Трите бода се заслужени. И играта можеби не го прикажува резултатот како што треба, но тимот навистина се покажа одлично. Покажавме квалитет во многу моменти да ги пробиеме. Штета е, бидејќи пропуштивме голем број извонредни шанси. На било кој друг ден, резултатот би бил поинаков“, рече Микел Артета за TNT Sports, пренесува BBC Sport.

Тренерот на Топчиите особено го пофали капитенот.

Мартин постигнува голови кои имаат влијание на резултатите, што токму тоа го посакуваме од нашите офанзивни играчи – да бидат одлучувачки, и токму тоа го направи и вечерва.“

За крај додаде:

Требаше да го решиме ова на поинаков начин поради големиот број на создадени шанси.“

Арсенал во второто коло од Лигата на шампионите на 13 октомври ќе го пречека Лил на стадионот во Лондон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Капитенот го брани Алварез: Многу сте напорни, оставете го на мира!

Хулијан Алварез се наоѓа во комплицирана ситуација откако изрази желба да премине во нов к…