Дома Фудбал Манчестер Јунајтед објави нов спонзор

Манчестер Јунајтед објави нов спонзор

Манчестер Јунајтед потпиша нов мултимилионски спонзорски договор со SumUp, која станува официјален партнер на клубот за рекламниот простор на ракавот од дресот.

Договорот е најголем во историјата на „црвените ѓаволи“ за спонзор на овој дел од екипата, а финансиските параметри не се официјално објавени.

SumUp го заменува DXC Technology, чиј договор истече по крајот на сезоната 2025/26. Новото партнерство доаѓа по интересен случај на почетокот на сезоната, кога Манчестер Јунајтед излезе на првиот свој натпревар во Премиер лигата со празен ракав.

Според правилата на лигата, екипите без рекламни партнери треба да го постават логото на лигата и задолжителната порака „No Room For Racism“ на двата ракава. Потоа проблемот беше решен, а клубот сега ќе има нов постојан спонзор.

Манчестер Јунајтед ја опиша SumUp како брзо растечка глобална компанија и истакна дека договорот е дел од стратегијата за зголемување на комерцијалните приходи. Од клубот очекуваат партнерството да и овозможи на SumUp поблизок пристап до огромната меѓународна база на фанови на англискиот гигант преку различни кампањи, искуства, и иницијативи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Германската легенда нема дилеми: Тој треба да ја освои „Златната топка“

Станува збор за борбата за годинашната „Златна топка“, или Ballon d’Or, и веќе се во…