Дома Фудбал Миовски беше херој на Ренџерс – даде гол со мајсторски лоб во 91. минута! (Видео)

Миовски беше херој на Ренџерс – даде гол со мајсторски лоб во 91. минута! (Видео)

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски го постигна првиот гол сезонава и тоа во вистински момент за Ренџерс. Македонскиот репрезентативец му донесе минимална, но исклучително важна победа на својот тим против Сент Мирен од 1-0.

На „Ајброкс“ долго се играше без голови, а кога се чинеше дека натпреварот ќе заврши без победник, на сцена стапи Миовски. Штипјанецот во игра влезе во 78-та, но му беа потребни само петнаесетина минути за да го реши натпреварот.

Во 91. минута, по одлично длабочинско додавање, Миовски се најде сам пред голманот на Сент Мирен. Македонскиот напаѓач покажа смиреност и со ефектен лоб-удар ја испрати топката во мрежата за голема радост на домашната публика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вечерва се затвора првото коло од Лигата на шампионите, Комо дебитира на големата сцена

На стадионот „Şükrü Saracoğlu“, турскиот гигант Фенербахче пред своите фанови ќе ја пречек…