Дома Фудбал Анри јасен: Мбапе ја заслужува Златната топка, индивидуално беше најдобар

Анри јасен: Мбапе ја заслужува Златната топка, индивидуално беше најдобар

Легендарниот француски фудбалер Тиери Анри смета дека Килијан Мбапе заслужува да ја освои „Златната топка“, истакнувајќи ги неговите индивидуални достигнувања.

„Златна топка? За мене, Килијан ја заслужува. Индивидуално, тој беше најдобар“, изјави Анри.

Мбапе зад себе има импресивна сезона, а Анри посочува дека Французинот бил најдобар стрелец во Лигата на шампионите, Ла Лига и на Светското првенство.

„Тој беше најдобар стрелец во Лигата на шампионите, Ла Лига и на Светското првенство. Луѓето можат да кажат дека не освоил ниту еден трофеј, но тоа веќе се случило во историјата“, истакна Анри.

Според него, освојувањето трофеи не треба да биде единствениот критериум при изборот на добитникот на престижната индивидуална награда.

„Луѓето треба малку да истражат. ‘Златната топка’ била освоена и без освојување трофеи“, порача Анри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Aнчелоти почна револуција во Бразил: На новиот список нема дури 17 играчи ги повика за Мундијалот

Карло Анчелоти започна значајни промени во фудбалската репрезентација на Бразил, со објаву…