Aрсенал знаел да добие одлично засилување од Реал Мадрид, а пример за тоа е Мартин Одегард кој по пристигнувањето од Мадрид во Лондон одлично се снајде.
Сега се шпекулира дека Арсенал повторно би можел да купува од шпанскиот гигант. Целта на тимот кој се бори за титулата е младиот Арда Ѓулер кој минатата година пристигна во клубот за сума од 20 милиони евра.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сега „топџиите“ се спремни да понудат и повеќе од двојно, меѓутоа во Реал не помислуваат да го продадат. Потврда дека веруваат во него е последната изјава на Карло Анчелоти.
„Арда со сигурност ќе биде тука и во наредната сезона. Ми се допаѓа како играч и сите знаеме дека е голем квалитет“, изјави Италијанецот.
Имено, Ѓулер има само 18 години, а се очекува да биде еден од главните адути на Турција на Европското првенство кое се игра ова лето во Германија.