Хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ блескаше на Светското првенство во Катар и за очекување е ова лето да направи трансфер.
Последните информации говорат дека интерес за него покажува Реал Мадрид, кој бара резервен голман за Куртоа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Голманот на хрватската репрезентација има клаузула во договорот според која може да си замине доколку дојде соодветна понуда, а таа е во висина од 10 милиони евра.
Оваа сума воопшто нема да биде проблем за Реал, клучна фигура во целата приказна е Лука Модриќ. Тој е во блиски односи со Ливаковиќ и го препорачал на челниците на Реал.
Интерес за Хрватот постои и од клубови од Премиер лигата, но Реал е спремен да ја победи конкуренцијата.