Дома Фудбал Ливаковиќ: Сите видовте…Каков пенал, немаше ниту збор за пенал!

Ливаковиќ: Сите видовте…Каков пенал, немаше ниту збор за пенал!

Аргентина вчера ја победи Хрватска со 3:0 и обезбеди пласман во финалето на Светското првенство каде што ќе игра против победникот од денешното полуфинале помеѓу Франција и Мароко.

Но, по победата на Аргентина останаа поделени мислењата за пеналот кој го добија Аргентинците за отварање на резултатот.

Многумина тврдат дека Алварез самиот се удрил во Ливаковиќ и не заслужил да добие најсторга казна.

Прашање за пеналот доби и хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ.

„Сите видовте…Што да коментирам, каков пенал, немаше ниту збор за пенал!“, јасно порача Ливаковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Две асистенции и исклучување: Несторовски во центарот на пресвртот во Вараждин

Славен Белупо победи со 2:1 на гостувањето кај Вараждин, а Илија Несторовски ги подготви д…