Фудбалерите на Шпанија синоќа во последните минути останаа без победа против Португалија која преку Роналдо успеа да дојде до изедначувачки 3:3 и еден бод.
Еден од најлошите синоќа во екипата на Шпанија беше Давид Де Геа која направи неверојатна грешка кај вториот погодок на Португалија. Де Геа имаше фантастична сезона во Манчестер Јунајтед, но кај шутот на Кристијано Роналдо реагираше катастрофално.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Де Геа се најде на удар на навивачите на Шпанија, а многумина го исмејуваа поради лошата рекација. Сепак, неговите соиграчи му пружија голема поддршка, а денес се огласи и капитенот на оваа селекција, Серхио Рамос.
„Не се работи за тоа никогаш да не успееш, туку никогаш да не се откажеш. Секогаш со својот тим“, порача Рамос.