Дома Останати Тенис Разочарување за Надал: Најважниот човек во неговата кариера нема да присуствува на неговиот последен меч

Разочарување за Надал: Најважниот човек во неговата кариера нема да присуствува на неговиот последен меч

Последниот меч во кариерата на Рафаел Надал полека се наближува.

Шпанецот би требало да се појави на финалниот турнир на Дејвис Купот во Малага, а очекувано интересот за овој меч е огромен.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Медиумите во Шпанија пренесуваат дека се очекува доаѓање на најголемите ѕвезди, но веројатно таму нема да биде еден од најважните луѓе во кариерата на шпанскиот ас.

„Интересот за овој меч е таков што би можеле да исполниме и пет фудбалски стадиони“, изјави претседателот на Тениската федерација на Шпанија, Мигел Дијас.

Но, чичкото на Надал, Тони со кого тенисерот ги оствари најголемите успеси во кариерата нема да биде присутен.

„Ќе го пропуштам тој натпревар бидејќи во тие денови имам многу работа и морам тогаш да сум во Рим“, изјави Тони Надал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Сексуален напад врз тенисерка се случи среде теренот!

Тениската ѕвезда Елена Рибакина се најде во незгодна ситуација откако со Тејлор Фриц го ос…