Дома Трансфер зона Пјаниќ заминува, Јувентус најде замена

Пјаниќ заминува, Јувентус најде замена

Италијанскиот гигант Јувентус е спремен ова лето да го продаде босанскиот плејмејкер Мирален Пјаниќ, открива „Газета дело Спорт“.

Еминентниот италијански весник тврди дека „старата дама“ веќе пронашла замена и на местото на Пјаниќ сака да го донесе Иван Ракитиќ од Барселона.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Клупските челници на „старата дама“ не кријат дека се незадоволни од формата на искусниот играч за врска и затоа сакаат да го продадат за време на летниот преоден рок.

Пјаниќ е проценет на најмалку 70 милиони евра, а најголем интерес за неговите услуги покажува ПСЖ кој е спремен да ја плати таа сума.

Јувентус веќе има замена и сака да го донесе Ракитиќ кој е на излезна врата од Барселона и може да се пресели во Торино за 20 милони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…