Дома Трансфер зона ПСЖ има нова идеја за замен за Мбапе, но ќе мора да плати 80 милиони евра?

ПСЖ има нова идеја за замен за Мбапе, но ќе мора да плати 80 милиони евра?

Фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен е заинтересиран за левото крило на Ливерпул Луис Дијаз, пренесуваат француските медиуми.

Заминувањето на Килијан Мбапе е голем удар за парижаните, но и за францускиот фудбал воопшто. Парите од телевизиските права за следната кампања ќе бидат значително помали, интересот за лигата се намалува, а со тоа и за Пари Сен Жермен.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Во таква ситуација изгледа ќе мора да доведат уште една ѕвезда во Париз. Виктор Осимен и Рафаел Леао се првите мети, но високо она листата желби е и Луис Дијаз, кој е еден од најдобрите играчи на Ливерпул откако пристигна од Порто во зимата 2022 година.

Тој пристигна како замена за Садио Мане и се покажа како полн погодок за англискиот гигант.

Најавите се дека Ливерпул би барал околу 80 милиони евра за фудбалерот за кој на Порто плати 47 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Познат фаворитот за потписот на Зиркзе

Ѕвездата на Болоња и холандски репрезентативец Џошуа Зиркзе е на мета на многу клубов…