Еминентниот француски весник „Екип“ вчера откри детали од договорот на Меси со Пари Сент Жермен.
Според „Екип“, Меси во Париз за три години ќе заработо 110 милиони евра, односно првата година 30 милиони, а останатите две по 40 милиони евра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во текстот се наведува и дека оваа сума не вклучува бонуси за освојување на Лига 1 и Лигата на шампионите.
Меѓутоа, ПСЖ денес веднаш се огласи и оваа информација ја окарактеризира како „чиста лага“.
„Меси има договор со нас на две, а не на три години. И се заедно е далеку од вистината. Ова е неприфатливо и претставува недостаток на почит кон нас како клуб и секој мора да го знае тоа. Има работи во договорот кои се доверливи, а објавените информации се голема лага!“, остро реагираше спортскиот директор, Ленардо.