
Меѓу најзабележливите фигури досега на Светското првенство во фудбал е голманот на Курасао, Елој Руум, кој постигна историски успех со својата репрезентација, дебитант на големиот настан, освојувајќи го првиот поен во мечот против Еквадор во второто коло од групата Е.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Елој Руум е познат на балканската јавност како “српски зет”, поради врската со инфлуенсерката Зорана Јовановиќ – Зораннах, која е негова поддршка од трибините на Мундијалот.
По натпреварот со Еквадор изјави дека морал да го исклучи звучникот на мобилниот, бидејќи во спротивно би полудел од бројот на известувања, но истовремено шеговито ѝ се спротивстави на својата избраничка дома, бидејќи конечно ја надминал по бројот на следачи.
– Конечно ја надминав сопругата. Таа секогаш имаше огромен број следачи, особено од Балканот, од каде што е. Забавно е што секогаш имала повеќе следачи од мене, досега. Но, сега сум јас во фокусот – низ смеење изјави Елој Руум, свесен дека оваа популарност може да му користи и по завршувањето на фудбалската кариера.
– Почнуваме да размислуваме за иднината и ова дефинитивно може да помогне. Знам како функционира животот, благодарение на мојата сопруга. Но, да, социјалните мрежи се иднината. Дури и ако се намали заработката после фудбалската кариера, не е лошо, ова ќе помогне. Така што, ако има компании кои сакаат соработка, може да се јават“, шеговито понуди Елој Руум можност за соработка преку Инстаграм на потенцијалните спонзори.