
Македонскиот фудбал денеска е завиен во црно по веста за ненадејната смрт на Јовица Илиевски, актуелен градоначалник на Брвеница и долгогодишен член на стручниот штаб на македонската фудбалска репрезентација.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Илиевски почина на 58-годишна возраст, оставајќи зад себе значајна трага во македонскиот фудбал. Во последниот период повторно беше ангажиран во националниот тим, каде што продолжи да придонесува со своето искуство и знаење.
Неговата соработка со селекторот Благоја Милевски траеше со години. Двајцата првпат работеа заедно во младинската репрезентација, која во 2017 година настапи на Европското првенство, а подоцна Илиевски беше дел и од стручниот штаб на сениорската селекција.
Од Фудбалската федерација на Македонија се простија од својот долгогодишен соработник и пријател, истакнувајќи ги неговите човечки и професионални квалитети.
„Златен човек. Во времиња кога сите сакаат да бидат забележани, тој избра да биде корисен. Златен човек. Јовица Илиевски, дел од едно важно поглавје на македонската репрезентација“, напишаа од Фудбалската федерација на Македонија.