Дома Фудбал Барса официјално се раздели со голманот, кој 14 години беше дел од клубот

Барса официјално се раздели со голманот, кој 14 години беше дел од клубот

Барселона официјално објави дека клубот постигнал договор со грчкиот Панатинаикос за трансфер на голманот Ињаки Пења.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Голманот, кој сега има 27 години, се приклучи на академијата на Каталонците уште во 2012 година од Вилјареал, помина низ сите возрасти на Ла Масија, а во јануари 2023-та стана дел од првиот тим. Тој имаше два заема – во Галатасарај и Елче. Грчкиот клуб ќе плати за него три милиони евра.

Пења потпиша договор за три години со Панатинаикос, со опција за продолжување за уште 12 месеци. Голманот веќе ги помина задолжителните медицински прегледи.

Од “Камп Ноу” јавно му заблагодарија на Пења за неговата посветеност и професионалност и му посакаа успех во иднина.

Голманот одигра вкупно 45 натпревари во сите турнири за првиот тим на Барселона. Тој има и 30 натпревари за различните младински селекции на Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус и Комо сакаат да го вратат Тео Ернандес во Серија “А”

Францускиот репрезентативец Тео Ернандес може да се врати во Серија “А” само п…