
40-годишниот играч за врска Лука Модриќ сè уште нема донесено конечна одлука за својата иднина во Милан, а Gazzetta dello Sport јавува дека фудбалерот оставил отворени неколку опции пред да се сретне со новиот тренер Рубен Аморим во наредните недели. Разговорот би можел да биде решавачки за да го убеди ветеранот да остане на “Сан Сиро”.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Хрватскиот репрезентативец моментално е целосно фокусиран на учеството на Светското првенство за својата татковина, а по поразот од Англија на почетокот, јасно изјави дека нема да зборува за својата клубска иднина додека не заврши турнирот.
Модриќ, кој ќе полни 41 година во септември, одигра 37 натпревари во Серија “А” минатата сезона, при што постигна два гола и обезбеди три асистенции.
Играчот за врска има опција во актуелниот договор да го продолжи со уште една година за 3.5 милиони евра по сезона. Според “Гадзета”, тој сè уште има желба да остане во Милан, иако тимот не се квалификуваше за Лигата на шампионите. Сепак, алтернативи постојат, како враќање во Динамо (Загреб) – неговиот прв клуб, што е емотивно привлечно за Модриќ, а улога во Реал Мадрид исто така е можност.