Дома Фудбал Останато Претседателот на УЕФА стана дел од Common Goal: Ќе донира дел од платата во хуманитарни цели

Претседателот на УЕФА стана дел од Common Goal: Ќе донира дел од платата во хуманитарни цели

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин се обврза да дава 1% од својата плата во хуманитарната организација на Хуан Мата наречена „Заедничка цел“ или Common Goal.

Шпанскиот интернационалец и ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Хуан Мата е основач на хуманитарната организација „Common Goal“ и прв фудбалер кој се одлучи 1% од својата плата да оддвојува за хуманитарни цели, а неговиот чекор подоцна го следеа и други фудбалери како Матс Хумелс, Џорџо Киелини, Шинџи Кагава…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сега и првиот човек на УЕФА Александар Чеферин одлучи да се приклучи на организација „Common Goal“ и да ја потврди својата хуманост со донација од 1% од својата плата.

Чеферин се сретна со фудбалерот на Манчестер Јунајтед во седиштето на УЕФА во Швајцарија.

„Цврсто верувам дека фудбалот има моќ и бев инспириран од Хуан Мата и неговата иницијатива. Добро е што фудбалер ја води оваа иницијатива, бидејќи фудбалерите добро профитираа од фудбалот и на овој начин можат да возвратат нешто назад во општеството. Ги повикувам сите во интернационалниот фудбал, сите фудбалери, тренери, фудбалски работници, лиги и спонзори да донираат во хуманитарни цели и да покажат дека се грижат општеството“, изјави Чеферин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ван Нистерлој добива понуда од Премиер лигата

Руд ван Нистерлој беше помошник на Тен Хаг во Манчестер Јунајтед, а потоа и на четири меча…