Дома Фудбал Италија Премногу емоции за живата легенда: Буфон „пукна“ и не престана да плаче во своето последно интервју во националниот дрес (Видео)

Премногу емоции за живата легенда: Буфон „пукна“ и не престана да плаче во своето последно интервју во националниот дрес (Видео)

0

Иако сакаше со крајот на Мундијалот да му каже „збогум“ на националниот дрес, по дебаклот кој ја снајде Италија вечерва, големиот Џанлуиџи Буфон истото мораше да го стори многу порано.

Имено, Италија по 60 години не успеа да се пласира на СП, и тоа по вечерашното реми и поволниот резултат кој го понесоа од домашен терен Швеѓаните.

„Премногу ми е жал, не само за себе туку и за цела Италија. Ова е мојот последен меч за репрезентацијата. Не сакав вака да заврши. Им заблагодарувам на сите оние кои ми даваа поддршка во сите изминати години, во сите мигови кога гордо го носев најпосакуваниот дрес“, истакна во своето последно интервју во дресот на репрезентацијата, Гранде Џиџи Буфон.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе An. V.
Load More In Италија

Проверете

Распродажба во Барса, овие петмина мораат да заминат – Погледнете ги бројките и СЕ ќе ви стане јасно!

Проценките се јасно изнесени, клубот вака едноставно не може да функционира… Барсело…