Пред точно 27 години се случи еден од поголемите инциденти во британскиот фудбал.
На мечот помеѓу Рејт Роверс и Глазгов Ренџерс Данкан Фергусон направи инцидент по кој заврши и во затвор. Имено, Фергусон со глава го удри Џон Макстин.
Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
Интересно е што судијата не му покажа ниту жолт картон, меѓутоа подоцна работата премина во рацете на полицијата. Судот му изрече затворска казна од два месеци на шкотскиот репрезентативец. На тој начин Фергусон стана првиот британски фудбалер кој завршил во затвор поради инцидент на фудбалските терени.
Ќе споменеме дека денес тој е дел од стручниот штаб на Евертон.