Интер е во интензивни преговори со напаѓачот на ПСЖ, Едисон Кавани, тврди секогаш добро упатениот извор Ди Марзио.
Кавани на крајот од сезоната ќе стане слободен играч и веќе некое време за него се борат клубови како Атлетико Мадрид, Њукасл, Манчестер Јунајтед, а сега наводно најблиску до неговиот потпис е Интер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бидејќи Мертенс одлучи да ја продолжи соработката со Наполи, Интер се сврте кон други опции, па како идеално решение се наметна уште еден искусен напаѓач.
Кавани играше во Палермо и Наполи, а од 2013. година е во Париз. Оваа сезона Ел Матадор постигна седум погодоци на 22 натпревари.
Заминувањето на Кавани од Париз е се поизвесно, сега само прашање е дали ќе се пресели во Интер или на крајот ќе избере некој друг клуб.