
Лони Вокер Џуниор, американскиот кошаркар кој неодамна доби отказ од Денвер Нагетс, ќе ја продолжи својата кариера во турскиот клуб Бешикташ. Ова го потврди познатиот агент Миќо Ражнатовиќ, кој го застапува Вокер преку агенцијата “БеоБаскет”.
Вокер, кој претходно играше за Макаби Тел Авив, се обиде да се пробие во НБА лигата, но не успеа да добие вистинска шанса. Сега, со потегот на Ражнатовиќ, тој се враќа во Евролигата, каде што ќе биде големо засилување за тимот на Душан Алимпијевиќ.
Бешикташ, кој оваа сезона дебитира во Евролигата, има две победи и три порази. Иако вечерва загубија од Хапоел, пристигнувањето на Вокер се смета за значајно засилување.
Ражнатовиќ на социјалната мрежа “X” напиша: “Понокна прошетка низ Истанбул никогаш не била повозбудлива од вечерва.”
A midnight walk through Istanbul has never been more exciting than tonight. #BeoBasket— Misko4Raznatovic (@MiskoRaznatovic) October 14, 2026